Легендарниот американски тенисер Џими Конорс ја коментираше изјавата на Карлос Алкараз дека Новак Ѓоковиќ постојано му е во мислите.
Шпанскиот тенисер е во Шангај, каде уште еднаш подвлече дека целта му е до крајот на годината да го престигне Ѓоковиќ.
„Нема да лажам. Новак Ѓоковиќ ми е во мислите на секој тренинг. Тренирам со цел, на турнири одам со цел. Се обидувам да ја завршам годината на прво место, па Новак Ѓоковиќ ми е во мислите. Речиси на секој тренинг“, изјави Алкараз низ насмевка за „Тенис ТВ“.
Наскоро стигна одговорот на Конорс.
“Алкараз рече дека секогаш кога тренира, кога игра, мисли на Ѓоковиќ. Мојата првата мисла е дека можам да разберам дека иако Алкараз го победи Новак и тоа беше нешто како “трн во око”. Мора да бидете внимателни кога тоа го кажувате затоа што тогаш се подготвувате за само еден играч. Исто така, разбирам ако си кажеш дека ако играш доволно добро за да го победиш тој човек, ќе ги победиш и другите. Но, тоа не е нужно точно, бидејќи другите тенисери играат поинаку како што мможевме да видиме и во мечот против Синер.
Јаник Синер неодамна го совлада Алкараз со 7:6 (4), 6:1 во полуфиналето на Мастерсот во Пекинг и потоа ја освои титулата во финалето по дуелот против Данило Медведев.