Во рамките на кошаркарската Евролига синоќа се одигра втората половина натпревари од 2.коло, по кое со максимални две победи се екипите на Анадолу Ефес, Локомотив, ЦСКА Москва и Уникаха.
Најнеизвесно беше на средбата Лаборал – Олимпијакос каде се играше продолжение по кое домаќините излегоа како победници.
Резултати на синоќешните натпревари:
Жалгирис – Локомотив 74:76,
Бамберг – Дарушафака 86:76,
Лаборал – Олимпијакос 96:89,
Стразбур – Фенербахче 91:70,
Динамо Сасари – ЦСКА Москва 78:107 и
Барселона – Зиелона Гора 78:72.
Резултати на натпреварите одиграни во четвртокот: Реал Мадрид – Црвена Звезда 98:71, Анадолу Ефес – Емприо Армани 89:73, Баерн – Химки 69:60, Панатинаикос – Каршијака 85:73, Цедевита – Лимож 80:84 и Макаби – Уникаха 82:93.