Комплетирано првото коло во АБА лигата

Од:

Со двата натпреварa одиграни вчеравечер, комплетирано е првото коло во регионалната кошаркарска АБА лига.

На дуелот во Подгорица, Будуќност славеше победа во дуелот со дебитантот во АБА конкуренцијата Металац, додека Задар пред својата публика ја совлада Игокеа.

Потсетување дека македонскиот шампион МЗТ Скопје, на гостувањето во Сремска Митровица, беше поразен од Мега Визура по дополнителните пет минути.

Комплетни резултати од 1.коло во кошаркарската АБА лига:

Мега Визура – МЗТ Скопје Аеродром 103:95 (по продолжение 84:84)
Крка – Цедевита 80:72
Шолнок – Партизан 55:60
Задар – Игокеа 68:61
Будуќност – Металац 65:61
Црвена звезда – Левски Софија 85:55
Цибона – Унион Олимпија 80:85

Второто коло на програмата е веќе во вторник (7 октомври) кога во СЦ „Јане Сандански“ македонскиот шампион МЗТ Скопје првпат ќе игра во новата сала, и тоа против екипата на Задар.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос