Ракометарите на Прилеп постигнаа победа од 25:17 на последниот дуел од 6.коло од ракометната Супер лига. Тие попладнево во СРЦ „Кале“ ја совладаа екипата на Вардар Јуниор во дуелот на двете последнопласирани екипи од табелата до оваа рунда.
Најефикасен на дуелот беше Александар Бозароски (Прилеп) со 6 голови, додека голманот на прилепчани Мартин Јованоски имаше 13 одбрани.
Резултати на другите дуели од 6.коло: Охрид – Пролет 19:21, Радовиш – Металург 2 24:24 и Еурофарм Работник – Борец 31:24. Екипата на Пелистер беше слободна.
Табела: Пелистер 12 бода, Еурофарм Работник 10, Пролет 10, Охрид 7, Борец 7, Радовиш 7, Прилеп 6, Металург 2 4, Вардар Јуниор 3.