Комплетирано 4-коло од „Топ 16“ фазата на Евролигата

Од:

Со четирите средби кои беа одиграни синоќа, комплетирано е 4.коло од „Топ 16„ фазата на кошаркарската Евролига.

Единствено актуелниот европски првак Макаби Тел Авив забележа победа на гостински терен, и тоа во Каунас портив Жалгирис, додека на останатите три средби победи славеа домашните екипи.

Комплетни резултати и табели по одиграното 4.коло:

Е група: Жалгирис – Макаби Тел Авив 66:73, Барселона – Црвена Звезда 92:77, Галатасарај – Алба Берлин 65:75 и Реал Мадрид – Панатинаикос 83:65.

Табела: Реал Мадрид 4-0 (победи-порази), Макаби Тел Авив 3-1, Барселона 2-2, Панатинаикос 2-2, Галатасарај 2-2, Алба Берлин 2-2, Жалгирис 1-3 и Црвена Звезда 0-4.

Ф група: Нижи Новгород – Анадолу Ефес 109:90, Олимпијакос – Лаборал 76:64, ЦСКА Москва – Уникаха 101:74 и Армани Милано – Фенербахче 71:82.

Табела: Олимпијакос 4-0 (победи-порази), ЦСКА Москва 4-0, Фенербахче 2-2, Нижи Новгород 2-2, Анадолу Ефес 2-2, Лаборал 1-2, Армани Милано 1-3 и Уникаха 0-4.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска