На Мундијалот во хокеј што се одржува во Белорусија во текот на вчерашниот ден се одиграа четири натпревари, по два во двете групи, со кои беше комплетирано 4. коло.
Најубедливата победа ја забележаа канадските хокеари во дуелот со Данска, додека најнеизвесно беше на средбата Летонија – САД, на која Летонците стигнаа до победата со подобра игра во последната третина.
Постигнати резултати: Канада – Данска 6:1, Летонија – САД 6:5, Финска – Белорусија 2:0 и Шведска – Франција 2:1.
Табела А група: Шведска 11 бодови, Канада 10, Чешка 6, Норвешка 6, Франција 5, Словачка 4, Данска 3, Италија 3.
Табела Б група: Русија 12 бодови, Летонија 9, Финска 6, САД 6, Белорусија 6, Германија 5, Швајцарија 3, Казахстан 1.
Денеска на програмата се четири натпревари од 5.коло: Канада – Италија, САД – Казахстан, Финска – Швајцарија и Шведска – Словачка.