Комплетирано 18-то коло во кошаркарската Евролига

Од:

Со трите одиграни натпревари синоќа, комплетирано е 18.коло во кошаркарската Евролига.

На дуелот во Атина, тимот на Олимпијакос неочекувано лесно и убедливо со 92-62 ја совлада шпанската екипа Басконија.

Предноста на домашниот терен ја искористи и составот на Дарушафака кој го победи Уникс Казан со 71-64.

Честа на гостите ја одбрани Реал Мадрид кој во Каунас против Жалгирис забележа победа со 74-59.

На средбите одиграни ден порано, беа постигнати овие резултати: Барселона – Анадолу Ефес 89-78, ЦСКА Москва – Бамберг 85-64, Фенербахче – Панатинаикос 84-63, Макаби – Црвена звезда 67-71 и Армани Милано – Галатасарај 92-87.

Табела: ЦСКА Москва 14-4 (победи-порази), Реал Мадрид 13-5, Олимпијакос 13-5, Басконија 11-7, Фенербахче 11-7, Панатинаикос 10-8, Црвена Звезда 10-8, Дарушафака 10-8, Барселона 8-10, Анадолу Ефес 8-10, Уникс Казан 7-11, Бамберг 7-11, Жалгирис 6-12, Макаби Тел Авив 6-12, Армани Милано 5-13, Галатасарај 5-13.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска