Комплетирано 11. коло во ТОП 16 на Евролигата

Од:

Во кошаркарската Евролига синоќа беа одиграни три натпревари со кои е комплетирано 11.коло од „ТОП 16“ фазата.

Во единствениот натпревар од „Ф„ групата, московска ЦСКА ја потврди фаворитската улога во дуелот со Нижни Новгород кого го победи на гостински терен со 86:82.

Во групата „Е„ беа одиграни две дерби средби. Во Истанбул, во неизвесен меч, екипата на Галатасарај загуби од Панатинаикос минимално со 84:86.

Во Мадрид, актуелниот шампион Макаби загуби Реал со 86:75 и пропушти шанса уште од сега да обезбеди пласман во плејофот.

На две кола до крајот на „ТОП 16“ фазата пет екипи имаат обезбеден пласман во четвртфиналето: Реал Мадрид, Барселона, (од групата Е), Фенербахче, ЦСКА Москва и Олимпијакос (од група Ф).

Комплетни резултати и табели по 11. коло:

Е група: Жалгирис – Барселона 72:83, Алба Берлин – Црвена Звезда 73:68, Галатасарај – Панатинаикос 84:86 и Реал Мадрид – Макаби 86:75.

Табела: *Реал Мадрид со 102 (победи-порази), * Барселона 9-3, Макаби Тел Авив 7-5, Панатинаикос 7-5, Алба Берлин 6-6, Жалгирис 4-8, Црвена Звезда 3-9 и Галатасарај 2-10.

Ф група: Фенербахче – Уникаха 78:63, Олимпијакос – Анадолу Ефес 86:75, Армани Милано – Лаборал 99:85 и Нижни Новгород – ЦСКА М. 82:86.

Табела: *Фенербахче 10-2 (победи-порази), *ЦСКА Москва 10-2, *Олимпијакос 9-3, Анадолу Ефес 5-7, Лаборал 5-7, Армани Милано 4-8, Нижни Новгород 3-9 и Уникаха 2-10.
*Екипи кои обезбедија пласман во плејофот.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска