Kомплетирана првата рунда од новата сезона во Евролигата

Од:

Со трите натпревари кои кои беа одиграни синоќа, комплетирано е првото коло од новата сезона во кошаркарската Евролига.

Поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ одигра одличен натпревар во Каунас, но неговата Црвена звезда загуби од Жалгирис со 78-76. Антиќ средбата ја заврши со 17 поени и три скока.

На средбата одиграна во „Блауграна“ шпанската Барселона славеше убедлива победа со 98-71 во дуелот со грчкиот Панатинаикос.

Најзаслужен за високота победа на Барселона, беше новото засилување, Кевин Серафин кој средбата ја заврши со 24 поени.

Во последниот дуел Химки го совлада шпанскиот шампион Валенсија со 75-70.

На натпреварите одиграни ден порано, беа постигнати овие резултати: Анадолу Ефес – Реал Мадрид 74-88, ЦСКА Москва – Милано 93-84, Бамберг – Макаби Тел Авив 71-88, Олимпијакос – Басконија 75-64 и Уникаха – Фенербахче 68-67.

Втората рунда ќе се игра на 19 и 20 октомври.

Би можело да ве интересира

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он

Миротиќ МВП за декември во Евролигата

Ана Ололовска

Одложени три од утрешните четири дуели во кошаркарската Евролига

А1он

Одложен уште еден натпревар во кошаркарската Евролига поради коронавирус

Ана Ололовска