Комесарот на НБА: Нема да се туркаме преку ред за вакцинирање против Ковид-19

Од:

Кошаркарите во НБА лигата ќе чекаат во ред за вакцинирање против Ковид-19 и не доаѓа в предвид да се туркаме пред другите, порача денеска комесарот на Лигата, Адам Силвер, во пресрет на почетокот на новата сезона 2020/21.

– Ќе чекаме да ни дојде редот за пристап до вакцината. Свесни сме дека федералните власти и сојузните држави се исправени пред логистички подвиг да вакцинираат 300 милиони луѓе, и тоа два пати. Свесни сме за одговорноста и сакаме да се вклучиме во кампањата со цел да ги поттикнеме луѓето да се вакцинираат, изјави Силвер.

Новата сезона во НБА започнува в среда наутро по средноевропско време, со мечот меѓу Бруклин и Голден Стејт, како и градското дерби меѓу актуелниот шампион ЛА лејкерс и ЛА клиперс.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тепачка во НБА: Шлаканици и боксови меѓу Нуркиќ и Маршал

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ