Коментатор на турската државна телевизија, ТРТ, добил отказ на полувремето од натпреварот Мароко-Канада. Во текот на првиот дел коментаторот го спомнал името на Хакан Шукур, кого актуелната власт го обвини дека учествувал во пучот против претседателот Реџеп таип Ердоган во 2016 година. Турската влада го поврза Шукур со големиот сопреник на Ердоган, Фетулах Ѓулен.
Мароко ја победи Канада со 2:1 и се пласира во осминафиналето. Првиот гол Мароканците го постигнаа во четвртата минута преку Хаким Зијеш.
Коментаторот, Алпер Бакирчигил, ги потсетил гледачите дека во 2002 година, Хакан Шукур го постигна најбрзиот гол во историјата на Светските првенства. Второто полувреме го коментирал неговиот колега. Бакирчигил добил отказ на полувремето.
„Ме отпуштија од ТРТ, каде што гордо работев со години, по она што се случи додека го коментирав натпреварот Мароко-Камерун“, објави водителот на Твитер.
Хакан Шукур со семејството избега од Турција во 2017 година.
„Не ми остана ништо. Ердоган зеде сè: моето право на слобода, говор и право на работа“, изјави Шукур во 2020 година за германскиот весник „Welt Am Sontag“.
„Се чини дека никој не може да објасни каква требаше да биде мојата улога. Никогаш не сум направил ништо незаконско. Не сум предавник или терорист“, тврди поранешниот напаѓач.
Владата на Турција, едноставно го избриша Шукур. Ги избриша сите негови клупски и репрезентативни достигнувања. Исто така забранува да се изговори неговото име.
„Ја дадов статистиката дека Хакан Шукур го постигна најраниот гол во историјата на Светските првенства, на натпреварот меѓу Канада и Мароко. Коментарот на натпреварот, на полувремето, морав да му го препуштам на мојот пријател Џунејт Киран. ФЕТО е терорист организација. Никој да не смее да доведува во прашање нашиот патриотизам“, изјавил несреќниот коментатор.
Извор: Топспорт