Денеска, во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ се одигра финалниот натпревар во рамки на Одбојкарскиот куп за девојчиња кој е дел од програмата „Денови на Општина Карпош“. Екипата на ООУ „Јан Амос Коменски“ со резултат од 2:0 славеше победа над одбојкарките од ООУ „Петар Поп Арсов“.
Победничкиот пехар го додели претседателот на Совет, Сашо Лазаревски.
Овој одбојкарски куп беше посветен на неодамна починатиот ученик Дамјан Димиќ, кој учеше во VI-б одделение.
Дамјан беше љубител на спортот, тој тренираше тенис и освојуваше многу награди. Беше одличен ученик и математичар, претседател на одделението.