Колку чини најскапиот кинески автомобил?

Од:

За кинеските автомобили обично се мисли дека се евтини и неквалитетни. Меѓутоа, Кинезите имаат свој Ролс Ројс. Станува збор за моделот Хунгчи Л5, чија цена изнесува повеќе од половина милион евра.

Необичен, ретро дизајн, Хунгчи Л5 е осмислен како автомобил во кој ќе се вози кинескиот државен врв наместо во луксузни лимузини на странски произведувачи.

Кинеската FAW групација, која го произведува овој модел го виде неговиот комерцијален потенцијал и одлули да го понуди и во слободна продажба. Првиот примерок испорачан е на богат кинески бизнисмен, кој за него издвои „повеќе од пет милиони јуани“ (околу 580 илјади евра).

Кинеската луксузна лимузина долга е 5.555 мм, широка 2.018 мм, а висока 1.578 мм.

Благодарејќи на големото меѓуоскиното растојание, кое изнесува 3.435 мм, ВИП патниците имаат голем простор на задните седишта.

За погон на авотомобилот тежок 3.175 кг, употребен е 6.0 литарски V12 мотор со 411 ks (302 kW) i 548 Nm максимален обртен момент.

Силата се пренесува на сите четири тркала по пат на шестстепен автоматски менувач, а автомобилот е во состојба да достигне максимална 200 km/h.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска