Некогаш беше ѕвезда во подем кога пристигна во најсилната лига на светот, сите слушнаа за него кога тргна по стапките на својот попознат брат и почна да гради кариера, а со текот на годините заработи милиони. Сепак, Семи Амеоби (32) денес работи како чирак.
Тешко е да се објасни што се случи со поранешниот вундеркинд на Њукасл. Играчот кој во кариерата има заработено приближно осум милиони евра, на 32 години наместо да игра фудбал, тој е далеку од фудбалските терени.
🇳🇬 Former Newcastle winger Sammy Ameobi has today pleaded guilty at Chester Magistrates’ Court too failing to stop after an accident and having no insurance, from an incident that happened on the 12th November 2024.
The winger, who went on to play for Bolton, Nottingham Forest… pic.twitter.com/RQNfVN5Ilh
— Magpie 24/7 (@Magpie24_7) January 22, 2025
Напротив, Семи Амеоби денес работи како чирак во занаетчиска работилница и заработува неделна плата од 420 евра. Тоа значи дека тој моментално заработува 26 пати помалку од просечната плата во текот на кариерата.
Семи, помладиот брат на поранешната ѕвезда на Премиер лигата, Шола Амеоби, ја започна својата кариера во родниот Њукасл, играјќи за гигантите од северот. Тој помина седум години во клубот и таму ги заработи повеќето од своите милиони, кои очигледно ги потроши.
Инаку, Амеоби денеска се најде во центарот на вниманието на британските медиуми бидејќи се појави пред судот во Честер, каде се изјасни за виновен за инцидентот што се случи на 12 ноември минатата година. По тој повод овој поранешен фудбалер со својот автомобил удрил девојка и не застанал, а неговиот автомобил немал осигурување од незгода.
„Очигледно тоа што го направив беше погрешно, го разбирам тоа. Во тој момент ме фати паника, да бидам искрен“, изјави Амеоби пред судот.
Тој забележа 53 настапи во Премиер лигата во текот на неговата кариера, а уште 191 во Чемпионшипот. Тој беше младински интернационалец и за Англија и за Нигерија, од каде што неговите родители пристигнаа во Њукасл.
Најефикасен во кариерата беше во дресот на Нотингем Форест и Болтон, а настапуваше и за Мидлсброу и Кардиф. Кариерата ја заврши во 2022 година со Мидлсброу, но последниот натпревар го одигра една година претходно со популарниот Нотингем Форест.