Клоп: Подготвени сме за атмосферата на „Мала Маракана“

Од:

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека е свесен за тоа што го очекува неговиот тим на стадионот „Мала Маракана“ утре против Црвена Звезда. Тимот од „Мерсисајд“ е во Белград, каде што Клоп очекува жешка атмосфера.

„Најголемиот предизвик за нас утре ќе биде комбинацијата на атмосферата и фудбалот што го практикува Звезда. Го реков тоа по првиот меч на „Енфилд“, а потоа и го видов. Бевме навистина добри таа ноќ, но ако бевме малку послаби, Црвена Звезда ќе останеше во натпреварот. Сепак, бевме навистина силни и тоа беше добро за нас. Мораме да бидеме силни и утре, рече Клоп.

Во однос на атмосферата, Германецот вели дека знае какво влијание може да имаат навивачите врз тимот.

– Атмосферата … ние сме од Ливерпул, па знаеме колку влијание можат да имаат. Единствениот начин на кој знам јас да се справам со неа е да играм навистина добар фудбал. Тоа е она што треба да го направиме, да бидеме подготвени за борба и да бидеме подготвени за голем натпревар. Ние ќе бидеме подготвени, ова е единственото нешто за кое сум сигурен. Се разбира, момчињата мора да ја завршат работата на теренот, додаде Клоп.

Мечот од групата „Ц“ е на програмата утре од 18,55 часот.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Црвена звезда поразени од Цедевита Олимпија во 22.коло од АБА лигата

Тежок пораз на Црвена звезда од Баерн Минхен: Баварците сурово се одмаздија

Горан Наумовски

Ливерпул со прва победа кај Сити по 10 години

А1он

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Драконски казни за Партизан и Црвена звезда