Клиперси близу да ги назначат Чонси Билапс и Лери Дру за помошници на главниот тренер

Од:

Раководството на НБА-лигашот Лос Анџелес Клиперс е близу до потпишување договор со Чонси Билапс и Лери Дру за помошници на главниот тренер Тајрон Лу, објави новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски.

Тајрон Лу го наследи Док Риверс како главен тренер на Клиперс, кој доби отказ откако тимот беше поразен од Денвер во второто коло од плејофот (3-4).

Билапс (44), кој е петкратен учесник на Ол стар и МВП на финалната серија 2004 година, играше за Клиперс од 2011 до 2013 година.

Шеесет и двегодишниот Дру претходно работеше како асистент на Лу во Кливленд, а исто така служеше и како привремен главен тренер за време на неговото отсуство поради болест во текот на сезоната 17/18.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он