Клиперс поведе против Денвер со 2-1, Бостон на победа од финалето на Истокот

Од:

Лос Анџелес Клиперс поведе против Денвер Нагетс со 2-1 во победи по 113:107 во третиот натпревар од полуфиналната серија во Западната конференција.

Неизвесност во дуелот гледавме до самиот крај, откако Клиперси стигнаа 12 поени негатива во средината на втората четвртина и седум во средината на последниот дел.

На пет минути пред звукот на сирена, Денвер имаше водство од 101:99, но поголемото искуство на тимот од Лос Анџелес и непрецизните удари на „грутките“ на крајот донесоа победа за „ножиците“.

Пол Џорџ беше најдобар стрелец кај Лос Анџелес Клиперс со 32 поени, додека Каваи Ленард заврши со 23 поени и 14 скока. Никола Јокиќ забележа 32 поени, 12 скока и 8 асистенции кај Денвер, додека Мајкл Портер јуниор остана со 18 поени и 10 скока.

Бостон Селтикс пак се доближи на само победа од елиминација на шампионот на НБА лигата, Торонто Репторс и пласман во финалето на Источната конференција откако „келтите“ го освоија дуелот бр.5 од серијата со 111-89 и поведоа со 3-2.

Во натпревар каде тимот од Бостон целосно ја имаше контролата, најдобар стрелец беше Џејлен Браунс со 27 поени. Бекот Камба Вокер додаде 21 поен, додека Џејсон Тејтум помогна со 18 поени и 10 скока.

За Торонто, Фред Ванфлит постигна 18 поени, додека 16 додаде резервата Норман Пауел.

Би можело да ве интересира

Масовно пукање на фестивал во Бостон: Најмалку седум лица се ранети

ВИДЕО: Во куќа во Бостон пронајдени тела на четири новороденчиња, едното било во замрзнувач

Катерина Ѓуровски

Леброн Џејмс може да игра в петок против Бостон

А1он

Трамп: Смешна е одлуката за укинување на смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он

Укината смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон

А1он

Трипл-дабл на Леброн во триумфот над Бостон