Британскиот боксер Ентони Џошуа останува шампион во тешка категорија во три боксерски верзии.
На спектакуларниот меч, кој синоќа се одржа на стадионот „Вембли“ во Лондон, Џошуа пред 90.000 гледачи го совлада легендарниот Украинец, Виталиј Кличко со технички нокаут во 11-тата рунда.
Со тоа 27-годишниот Џошуа, ги одбрани шампионските појаси во верзиите на: Меѓународната боксерска федерација (ИБФ), Меѓународната боксерска организација (ИБО) и Светската боксерска асоцијација (ЊБА).
За Британецот тоа беше 19-та победа во исто толку професионални борби и сите ги заврши пред време со нокаут, додека Владимир Кличко за кого ова можеби беше и последниот меч, го доживеа само петтиот пораз во 69-от професионален меч.