Кличко кандидат за претседател на АИБА

Од:

Владимир Кличко е главен кандидат за претседател на Меѓународната боксерска аматерска асоцијација (АИБА), пренесува руската „ТАСС“.

Според „ТАСС“ оваа информација е презентирана на членовите на Извршниот комитет на АИБА на состанокот што се одржал во Дубаи, на кој Извршниот комитет на едногласно гласаше да го суспендира актуелниот претседател Чинг-Куо Ву, кој беше обвинет за финансиски малверзации.

Комитетот реши да се свика вонреден конгрес во јануари 2018 година, кога ќе биде поднесена и иницијативата за гласање на недоверба на Ву, по што се очекува и официјално Кличко да биде номиниран за претседател на АИБА. Номинацијата на 41-годишниот Кличко во меѓувреме е официјално прифатена.

Украинецот стави крај на неговата богата и успешна кариера во август годинава, кога во последниот свој меч загуби од британскиот боксер Џошуа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Организиран боксерски меч два на еден – тепачката заврши на брутален начин, уште во првата рунда

А1он

Професионален боксер е убиен во Лос Анџелес, бил застрелан дури седум пати

Мејведер боксува против внук на њујоршки мафијаш, се очекува да направи голема заработка

Анџела да го напушти рингот и да му ја предаде борбата на својот ривал, за кој инсинуира дека е маж

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ