Владимир Кличко ја одбрани титулата во тешка категорија. Украинскиот боксер на поени го победи Брајант Џенингс.
Кличко 18-ти пат во низа ја одбрани титулата со што стигна до второто место на вечната листа, пред него е само Лери Холмс кој 19 пати во низа успеал да ја обрани титулата во тешка категорија.
Украинецот против Џенингс славеше со одлука на судиите (116:111, 118:109, 116:111). Инаку Џенингс во 64-та борба го забележа првиот пораз во кариерата.
„Убаво е чувството кога човек ќе се врати во Медисон Сквер Гарден. Се радувам на новите предизвици кои ме очекуваат тука, пред оваа извонредна публика. Џенингс беше тежок противник, тој би можел да победимногу борци во тешка категорија“, рекол Кличко.