Светската боксерска асоцијација (СБА) потврди на својата официјална интернет страница дека супершампионот во тешка категорија Владимир Кличко треба да влезе во рингот против носителот на редовната титула светски шампион во тешка категорија на СБА Александар Поветкин до 24 февруари 2013 година.
Минатата недела се појави таква информација на истиот сајт, но со друг датум – до 26 февруари. Пред тоа Бернд Бенте, менаџер на Владимир Кличко, изјави дека Светската асоцијација му дала на украинскиот боксер дополнително време за одбрана на титулата со Русинот Поветкин до јули следната година.
Штабовите на Кличко и Поветкин ќе треба да се договорат за точниот датум на кој ќе се одржи дуелот, но тој задолжително треба да биде до 24 февруари.