Светскиот шампион во категориите ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО, Владимир Кличко го избрал новиот ривал за одбрана на титулата.
Како што пишуваат медиумите се работи за 39-годишниот американец Фрес Окјуендо кој во кариерата има 35 победи, од кои 23 со нокаут и има седум порази.
Поради тоа Кличко ги шокираше сите со овој избор, а често му приговарале бидејќи одбира неатрактивни противници кои лесно ги победува.
Фрес Окјуендо воглавно во кариерата губел мечеви од познати боксери како Евандер Холифилд, Џон Руиз, Крис Бирд, Џејмс Тони и Марк Мормек.
ВБА неодамна му постави ултиматум на Кличко дека мора да го прифати дуелот со Александер Поветкин, но како што сега стојат работите тој меч ќе биде одржан за неколку месеци.