Кејл Сауерленд му понудил пет милиони евра на Владимир Кличко за меч со Муарем Хукиќ, попознат како Марко Хук.
Според познавачите на ситуацијата, ова е уште една потврда за тоа дека браќата Кличко ги избегнуваат сериозните боксери и ги бираат оние кои што не претставуваат голема закана за нивните титули.
„Менаџерот на Кличко, Бернд Бенте, разговараше со Марко за евентуална борба со Владимир. Ние само одлучивме тие разговори да ги официјализираме. Подготвени сме за оваа супер-борба“, изјави Сауерленд.
„Понудивме пет милиони, меѓутоа тие одбија по само 20 минути размислување. Разговорите продолжуваат, а сега на нив им ед редот да предложат услови за одржување на борбата“, додава Сауерленд.
Марко Хук вечерва ќе го брани својот шампионски појас од ВБО верзијата во крузер категоријата, противник ќе му биде Фират Арслан. Дуелот на двајцата натурализирани Германци за промотерот на Хук е обична формалност, па уште сега се посветил на организирање на следната борба на својот пулен.
Инаку и самиот боксер, роден како Муамер Хукиќ во Сјеница, изјави дека се надева оти преговорите ќе имаат позитивен исход.
„Им благодарам на Вебер и на Сауерленд за нивниот труд во организацијата на оваа борба. Ќе покажам против Арслан дека сум подготвен за Кличко“, вели Хукиќ.
Споменатиот Вебер е директор на „Гери Вебер“ стадионот, местото на кое „Сауерленд Евентс“ вообичаено ги одржува своите приредби.