КК Работнички: Вината за прекинот е кај судиската тројка и делегатот

Од:

Во врска со вчершните случувања за време на натпреварот помеѓу КК Работнички и КК МЗТ, управата на КК Работнички излезе со соопштение со појаснување дека целосната вина за вчерашниот прекин на натпреварот ја носи судиската тројка, на чело со Марјан Мицевски, како и самиот делегат. Еве што стои во соопштението:

Сакаме да потенцираме дека Работнички бара еднаков третман со другите екипи, и своите победи да ги извојува на терен, а не на зелената маса. Ние како кошаркарски клуб побаравме стриктно почитување на пропозициите по сите основи, со еднаков третман на двете екипи. Односно ист аршин кон двете навивачки групи. Истото не ни беше овозможено од страна на арбитражата, од причини кои не само на нас, туку и на целата македонска јавност, не им се познати, бидејќи од сите присутни на натпреварот, како и од изјавата на првиот тренер на МЗТ, Врбица Стефанов, во која и самиот кажува дека не му е јасно зошто натпреварот беше преќинат, до денеска не се објаснети.

За време на натпреварот атмосферата беше коректна, немаше никакви нарушувања од безбедносен аспект, а за цело време на натпреварот, како и за време на прекинот, играчите и тренерите се однесуваа коректо и спортски, како што и доликува за едно дерби. Уште еднаш ќе напоменеме дека официјалните лица потфрлија во однос на избрзаното донесување на одлука за прекин на натпреварот, и дека со таквото однесување истите му нанесоа штета на кошаркарскиот клуб Работнички, а воедно и на македонската кошарка.

Кошаркарските натпревари се наменети пред се’ за публиката, која заедно со играчите, треба да бидат во прв план, а не судиите и делегатите. Работнички го интересира само кошарката, со јасна амбиција да продолжи со добрите игри и да во фер и спортски дух се бори да освои уште една титула. Се надеваме дека, во име и за добро на кошарката, ќе имаме регуларно првенство во понатамошниот тек на натпреварувачката сезона.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос