КК „Работнички“: Нема да учествуваме во процеси со политичка заднина

Од:

Кошаркарскиот клуб „Работнички“ реагира на барањето за смена на претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Даниел Димевски. Од клубот сметаат дека во овој период постојат далеку поважни теми на кои кошаркарските клубови треба и мора да се насочат. Како една од тие работи, во нивното соопштение се споменува Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, кои ги оценуваат како погубни за секој спортски колектив и спортист-поединец.

„Во пресрет на Европското првенство, ваквите случувања не се поволни и се апсолутно непотребни. Ова е време во кое треба сите да бидеме сплотени и да работиме за доброто на кошарката, а воедно и за спортот во Македонија. Неразумно за нас е во овој момент клубовите да се занимаваат со кадровски промени, кои само можат да го одолговлечат решавањето на реалниот проблем со кој се соочуваме сите.

Со овој закон драстично ќе се намали приходот на спортистите, со што, сметаме, од една страна, ќе се намали желбата за сопствено спортско надградување, а од друга страна, клубовите можат да се соочат со барање за многу повисоки хонорари, со кои дури и сега едвај се справуваме. Да појасниме, обврската за плаќање придонеси е товар на тие што го примаат хонорарот. Така, ако еден спортист има договор за 120.000 денари нето-хонорар, откако ќе ги плати придонесите, ќе му останат околу 82.610 денари. Сакаме да истакнеме дека политиката не треба да се меша во спортот, а овој момент не дозволува групирање и формирање табори затоа што е период во кој се кршат копјата за квалитетен спорт во Македонија.

КК „Работнички“ останува доследен на својот принципиелен став дека нема да учествува во процеси кои се со политичка заднина, кои немаат ништо заедничко со спортот и кои ѝ штетат на македонската кошарка“, пишува во соопштението од клубот.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос