Ќерката на Пеле смирува: Здравјето на кралот на фудбалот не е сериозно загрозено

Од:

Состојбата на Пеле е стабилна, соопштија од болницата во која вчера уште еднаш беше примена бразилската легенда. Пеле (82) беше опериран од тумор на дебелото црево во септември минатата година и оттогаш често бара медицински надзор. Вчера се појави информација дека тој е хоспитализиран.

Од болницата „Алберт Ајнштајн“ прецизираат дека по неговиот преглед, кралот на фудбалот бил хоспитализиран, но не е на одделението за полуинтензивна нега.

Ќерката на Пеле, Кели Насименто, исто така ги смири сите со објава на „Инстаграм“.

„Во медиумите имаше многу загриженост за здравјето на татко ми. Нема ништо итно за неговото примање или некоја страшна лоша прогноза. Ќе бидам таму за Нова година и ветувам дека ќе објавам неколку фотографии“, објави Кели Насименто.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бразил се прости од Пеле: Ќе има вечен поглед на стадионот на Сантос

(ВИДЕО) Телото на Пеле на стадион, илјадници навивачи се збогуваат со легендата

Горан Наумовски

ВИДЕО: Ковчегот на Пеле пречекан со огномет, Бразил се подготвува за погребот на легендата

Катерина Ѓуровски

Сантос ќе ја повлече „десетката“ на Пеле

Колкаво наследство ќе остави Пеле?

Светските медиуми за Пеле: „Топката плаче, Пеле е мртов“, „Беше фудбал во четири букви“

Катерина Ѓуровски