Ќерката на Коби Брајант загина заедно со нејзиниот татко во хеликоптерската несреќа во Калифорнија, јавува ТМЗ.
13-годишната Џиана Марија загина денеска во трагедијата.
Се верува дека биле на пат кон академијата Мамба на тренинг кога леталото се урнало во Калабасас, во близина на централниот дел на Лос Анџелес.
Џиана Марија-Онор Брајант, позната и како Џиџи, беше талентирана млада кошаркарка која редовно присуствуваше на натпреварите на ЛА Лејкерс со нејзиниот татко.
Се верува дека неговата сопруга Ванеса не била во хеликоптерот.
Двојката има уште три ќерки, Наталија и Бјанка и нивното новороденче Капри.