Ќе се испитува делотворноста на отповикот на моделот „Џип“ на компанијата „Крајслер“

Од:

Американската Национална агенција за безбедност во сообраќајот (NHTCA) соопшти дека ќе ја испита делотворноста на поправките што  компанијата „Крајслер“ ги спроведе врз моделите од марката „Џип“ заради  проблемот од 2012 година со воздушните перничиња.

Новата истрага ќе биде спроведена бидејќи на неколку веќе поправени автомобили перничињата се активирале „сами од себе“.

„Крајслер“ до сега изврши поправки на околу 13 отсто автомобили од марката „Џип“, од околу 745 илјади возила колку што беа опфатени со отповикот во САД.

Откако на неколку автомобила, кај кои дефектот во меѓувреме беше отстранет, воздушните перничиња се активирале иако за тоа немало причина, NHTCA најави дека ќе спроведе нова истрага.

„Крајслер“  уште во ноември 2012 година  објави дека заради проблем со воздушните перничиња повлекува околу 408.000 примероци од моделот „Гранд Чироки“ (од годината на производство 2002-2004) и 337.000 автомобили „Џип Либерти“ (надвор од САД познат како Чироки), кои се произведени во 2002 и 2003 година.

Меѓутоа, до крајот на март 2014 година американската компанија успеа да замени неисправни делови на само 94.000 возила. Бавноста во извршувањето на поправките „Крајслер“ ја образложи со тоа дека му е потребно време да дизајнира и произведе нови делови што ќе ги заменат постојните.

Некои од сопствениците на автомобили заради тоа, и пред најновите инциденти, и се пожалиле на агенцијата  NHTCA, стравувајќи дека ненаменското активирање на перничињата во текот на возењето може да им нанесе повреди или да предизвика губење на контролата врз возилото.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска