Ќе почека производството на „ФИАТ 500Л Абарт“

Од:

Иако сега веќе е речиси извесно дека на патиштата нема да го видиме „Абарт 500Л“, сништата за екстремната верзија на „ФИАТ-от од Крагуевац“ и натаму постојат.

Откако беше претставен „ФИАТ 500Л“ се шпекулира за производството на спортската, Абарт варијанта на овој модел. На почетокот пристигнуваа позитивни сигнали дека такво нешто може да се случи, а приказната во 2013 година ја подгреа и шефот на Абарт за Европа, Марко Мањанини. Тој тогаш изјави дека „постојат големи шанси“ знакот на шкорпионот да се најде на маската од ладилникот на „ФИАТ 500Л“.

Во меѓувреме, кај италијанскиот производител беа зафатени со многу поважни теми и работи, како што е формирањето на компанијата „ ФИАТ Крајслер Автомобили“, а плановите за производство на „Абарт 500Л“, ако навистина и постоеле, останаа заборавени во некоја фиока.

Сепак, одделни вљубеници во автомобилите кои сакаат на улиците да го видат овој модел не се откажаа. Деновиве се појави шпекулативен рендер што покажува како може да изгледа Абарт верзијата на „ФИАТ 500Л“ кога би дошло до нејзината реализација.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска