Кирјос стана најголем сојузник на Ѓоковиќ: Го третираме Новак како оружје за масовно уништување, а тој дојде да игра тенис

Од:

Ник Кирјос од еден од најголемите спортски непријатели на Новак Ѓоковиќ се претвори во него најголем сојузник во „војната“ што српскиот тенисер ја води со австралиската влада кој повторно му ја укина визата и му стои на патот до настап на Австралија Опен.

– Новак ми испрати лична порака на Инстаграм и ми се заблагодари што застанав на негова страна. Ниту тој самиот не очекуваше дека јас ќе се огласам по ова прашање. Ѓоковиќ само сака да игра тенис и верувам дека во овие моменти му е многу тешко. Мислам дека треба што поголем број тенисери да застанат на негова страна – рече Кирјос.

Кирјос ја исмеа и изјавата министерот на имиграција, Алекс Хок, кој во објаснувањето за укинатата на визата на Ѓоковиќ, наведе дека српскиот тенисер е закана за Австралија и нејзиниот јавен ред и мир.

– Овој Хок вели дека Новак е „закана за нашите граници“. Епа, не е! Во овие моменти го третираме као оружје за масовно уништување, а тој дојде за да игра тенис. Ние не го гледаме Новак Ѓоковиќ како човек. Замислете како се чувствува тој во овие моменти. Веројатна сака малку поддршка од нас тенисерите, и од мене ја има.

Австралискиот тенисер посакува Ѓоковиќ да може да настапи на Австралија Опен и на крајот да ја освои титулата.

– Сакам Новак да победи на Австралија Опен и во Мелбурн да се шетам со маичка на која ќе пишува „Идемо“.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го најави младиот Бразилец за свој наследник, а овој „му заби нож в грб“

А1он

Беретини го елиминира Ѓоковиќ во првото коло на турнирот во Доха

Ѓоковиќ остро за Синер: Земјотрес, oва е голем проблем за спортот

А1он

Кирјос за казната за Синер: „Нема правда…“

(ВИДЕО) Ѓоковиќ го „испрати“ Шварцман во пензија: „Што гледаш, идиотe?“

Ѓоковиќ: Татко ми ме убедува да ставам крај на мојата тениска кариера