Кирил Лазаров, Тимур Дибиров и Игор Карачиќ во идеалните седум за групната фаза

Од:

Двајцата ракометари на Вардар, Тимур Дибиров и Игор Карачиќ, како и македонскиот репрезентативец и член на Барселона Кирил Лазаров се најдоа во идеалниот состав на групната фаза во Лигата на шампионите, во изборот на специјализираниот француски ракометен портал „hand-station”.

Дибиров е избран за најдобро лево крило, Карачиќ за најдобар среден бек, а Лазаров за најдобар десен бек.

Дибиров и Карачиќ се најефикасните ракометари на „црвено-црните“ оваа сезона во елитното натпреварување. Рускиот репрезентативец е втор на листата со 69 гола, додека Карачиќ е на 15-то место, со 52 погодоци. Лидер е Лазаров со 76 погодоци.

Најдобрите седум според „hand-station”:

Голман: Роланд Миклер (Веспрем),

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар),

Лев Бек: Момир Илиќ (Веспрем),

Среден бек: Игор Карачиќ (Вардар),

Пивот: Камил Сипжак (Висла Плок),

Десен бек: Кире Лазаров (Барселона),

Десно крило: Драган Гајиќ (Монпелје).

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa