Кипчоге го сруши светскиот рекорд во маратон

Од:

Кенискиот атлетичар Елиуд Кипчоге го сруши светскиот рекорд за 45-тиот БМВ маратон во Берлин.

Кипчоге патеката на берлинскиот маратон ја истрча во 2.01.39 и стана првиот маратонец кој делницата од 42.195 километри ја истрча за помалку од два часа и две минути.

Второто место во Берлин го освои Кениец Амос Кипруто, а на победничкиот подиум се искачи и неговиот сонародник Вилсон Кипсанг.

Досегашниот светски рекорд го држеше маратонецот Денис Кимато, исто така Кениец, кој рекордот го постави пред четири години на истото натпреварување во Берлин.

Четири години подоцна, 33-годишниот Кипчоге беше побрз за минута и 18 секунди.

Во женското натпреварување, славеше минатогодишната победничка, Гледис Чероно (Кенија), со време 2:18:11.

Би можело да ве интересира

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески

Падна олимпискиот рекорд во маратонот во Париз

Горан Наумовски

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

(ВИДЕО) Невидена грешка и остана без 7000 долари: Наместо на целта, тргна кон полицијата

Предраг Петровиќ