Одбојкарките на Кина се изборија за место во финалето на Светското првенство што се одржува во Италија
Селекцијата на Кина ја победи домашната репрезентација на Италија со 3:1 во вториот полуфинален меч на одбојкарскиот Мундијал одигран синоќа во Милано.
Кинеските одбојкарки пласманот во финалето го најавија уште по вториот сет кога поведоа со 2:0, добивајќи ги сетовите со 25-21 и 25-20. Домашните одбојкарки најавија неизвесност решавајќи го во своја полза третиот сет со 25-20. Во четвртиот по голема борба во кој беа одиграни дури 58 поени, Кинеските го добија со 30-28 за конечни 3:1 и пласман во финалето.
Кина за златниот медал ќе се бори со селекцијата на С.А.Д. која во првиот полуфинален меч ја победија репрезентацијата на Бразил со 3:0 по сетови 25:18, 29:27и 25:20 .