Кина очекува успешни зимски Игри и покрај стравот од омикрон

Од:

Кина денеска призна дека новиот сој на коронавирус наречен омикрон е синоним за дополнителни проблеми при организацијата на зимската Олимпијада, која ќе се одржи во Пекинг од 4 до 20 февруари, но истакна оти верува дека Игрите, сепак, ќе бидат успешни.

– Тоа со сигурност ќе донесе нови предизвици, што се однесува до борбата против пандемијата. Меѓутоа, Кина има искуство по тоа прашање и апсолутно сум уверен дека Зимските олимписки игри ќе се одржат без проблеми како што е и предвидено, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лијан на конференција за новинари во Пекинг.

Кина изминатите неколку недели има по десетина нови позитивни случаи на Ковид-19 дневно, а новиот сој омикрон сè уште не е регистриран на кинеска територија.

На Зимските олимписки игри во Пекинг се очекува да учествуваат околу 2.900 спортисти. Сите учесници мораат да бидат вакцинирани против коронавирус и да минат 21 ден во карантин по доаѓањето во Кина. Исто така, спортистите и придружниот персонал секојдневно ќе бидат тестирани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Смртни закани за организаторите на ОИ, обвинителство во Париз oтвори истрага

A1on

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Започнаа 33 летни Олимписки игри во Париз