„Киа“: Прво зајакнување на имиџот, па потоа нов спортски модел

Од:

Иако главниот дизајнер на „Киа“ и еден од директорите во корејскиот производител на автомобили, Петер Шрајер, се залага за производство на спортски модел, во компанијата надвладува мислењето дека се уште e рано за еден таков автомобил.

Со оглед на фактот дека во последните неколку години „Киа“ претстави концепти на спортски автомобили, како што се „ГТ“ и „ГТ4 Стингер“, се очекуваше овој производител многу брзо на купувачите да им понуди и продукциски спортски модел. Меѓутоа, се до сега тоа не се случи.

Директорот за маркетинг во „Киа“, Ли Сун-Нам, во разговор за „Аутомотив Њуз“ изјави дека оваа компанија мора да го подобри својот имиџ, пред да се впушти во производство на вистински спортски автомобил.

– Прво треба да го покренеме имиџот на „Киа“ на уште повисоко ниво. Тоа ќе придонесе идните модели да бидат значително подобро прифатени на пазарот, вели Ли Сун-Нам.

Тој објаснува дека постојат два проблема со кои „Киа“ се соочува кога станува збор за евентуалниот спортски модел. Првиот е што првите луѓе во компанијата не се убедени дека еден таков автомобил може да привлече доволен број купувачи за вложувањата во неговиот развој и производство да се исплатат. Втората причина е веќе споменатиот имиџ кој, според него, не е доволно силен за да поддржи спортски модел со амблемот на „Киа“.

– Доколку некој кинески производител на автомобили, на пример, на пазарот понуди  роудстер, мислите ли дека ќе ги заинтересира купувачите? Не сум сосема убеден, заклучи Ли Сун-Нам.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска