„Киа“ ја доби наградата „Good Design“ за три свои нови модели

Од:

Корејската компанија „Киа Моторс“ ја доби наградата „Good Design“ за три свои нови автомобили: луксузната лимузина „К900“ (што на некои пазари е позната под ознаката „К9“ или „Quoris“), потоа за електричниот модел „Соул ЕВ“ и концептот „ГТ4 Стингер“.

Дизајнерскиот тим на корејскиот производител од 2006 година, откако беше преземен од Петер Шреер, доби бројни дизајнерски награди за својата работа и значајно придонесе кон глобалниот раст на моделите на „Киа“.

Жирито кое ги доделува признанијата „Good Desig“ го сочинуваат независни стручњаци од областа на дизајнот, а моделите на „Киа“ се наградени врз основа на различни критериуми – иновативен дизајн, нови технологии, форма, материјали, градба, концепт, делување, употребливост, енергетска ефикасност и грижа за околината.

Наградите „Good Design“ се доделуваат секоја година од 1950 година, а се поделени во 25 категории.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска