KIA и во 2013 година го зголемува бројот на испорачани возила

Од:

Кореjскиoт производител на автомобили „КИА“ во март 2013 година продаде 653.361 автомобили ширум светот, што претставува зголемување од 2,7 отсто во однос на истиот месец од 2012 година.

Во истиот период продажбата на автомобилите на „КИА“ нарасна и на европскиот пазар, и тоа за 6,6 отсто. Така, „КИА“ во европските земји во март 2013 година на купувачите им испорача 57.651 автомобили.

Најголем раст е забележен во Кина ( плус 20 отсто), каде корејскиот производител продал 48.364 возила. Кина е воедно и пазарот на кој „КИА“ забележа најголем раст во првиот квартал од 2013 година ( плус 24 отсто, 144.559 продадени возила), а овој успех го следи и Европа ( плус шест отсто, 135.571 испорачени автомобили) и таканаречените општи пазари што ги оофаќаат Централна и Јужна Америка, Карибите, Азија (без Кина и Јужна Кореја), Пацифик, Блискиот Исток и Африка (плус
два отсто, 123.898 продадени возила).

Најпродаван модел на „КИА“ глобално во март беше „Рио“ со 44.371 испорачани примероци, додека СУВ-от „Спортаж“ е втор, со 32.966 парчиња.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска