Кевин Дурант го понесе признанието МВП, односно најкорисен играч во регуларниот дел од НБА лигата сезонава.
Кошаркарот на Оклахома освои 119 од можни 125 гласа, оставајќи го зад себ нјголемиот конкурент Леброн Џејмс.
Дурант со признанието за МВП играч ги обедини титулите за најкорисен играч и најдобар стрелец во една сезона, што последен пат му успеа од рака на Ален Ајверсон, пред 13 години.
Сезонава Дурант одигра 81 натпревар во регуларниот дел, просечно постигнувајќи по 32 поени што е негов најдобар ефект во седумгодишната НБА кариера, а исто така забележа и рекорден просек на асистенции од 5,5 со 7,4 скока.