Кепа останува во Челси

Од:

Кепа Арисабалага може да продолжи да брани за Челси, пренесе „Дејли телеграф“. Како што е познато, менаџерот на „сините“ Френк Лампард повеќе не го сака Кепа во составот, откако во текот на сезоната направи многу грешки.

Сепак, ниту еден тим не е заинтересиран за Арисабалага и тој ќе продолжи да биде играч на Челси.

Пред некое време се појавија информации дека тој може да се користи како дел од договорот за Џиџи Донарума од составот на Милан, но оваа зделка е малку веројатно да се оствари.

Кепа има уште пет години од својот договор со Челси, а „сините“ бараат најмалку 50 милиони фунти за неговите права.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Челзи и го задржаа првото место во Премиер лигата

Палмер стана првиот играч во историјата на Премиер лигата со четири гола во првото полувреме

Фудбалерите на Вулверхемптон го победија Челзи во 18. коло од англиската Премиер лига

Санчез ќе мора да паузира одреден период поради повреда

Челзи се договори за нов спонзор: „Сините“ ќе заработуваат 40 милиони по сезона

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ