Кенијците Кипроч и Бивот победници на Скопски маратон 2016

Од:

Кенијските натпреварувачи Кириу Кипротич во машка и Гледис Џепкурио Бивот во женска конкуренција се победници на 12. Виз Ер Скопски маратон, што денеска се одржа низ улиците на главниот град на Македонија.

Маратонската патека од 42.195 километри Кипротич ја помина со време од 2:12:36. Зад него се пласираше неговиот сонародник Ричард Кипроно Бет со време од 2:14:36, додека на третото место се најде Едвин Кирпуто Кирва (2:15:08). Во топ пет маратонци се најдоа шампионот од 2013-та година, Вајклиф Кипкорир Бивот (2:19:07) и Силас Кипроно Ту (2:19:07).

Во женска конкуренција Кенијката Гледис Џепкуруи Бивот со време од 2:40:10 е годинешната шампионка, а зад неа се пласираа Етиопјанката Шаваје Гамечу Дебелу со време од 2:45:30 и Фабиола Џон Вилијам од Танзанија со 2:49:13.

Skopski Wiz air maraton 2016 (5)

Од македонските натпреварувачи во машка конкуренција најдобро пласиран беше Александар Кираџиев, кој го осови седмото место со резултат од 2:45.57 часа, а веднаш зад него се пласираа Ристе Лазаров (2:48.45), Муџаид Мислимовски (2:54.54) и Игор Јанкуловски со време од 2:56.21 час.

Во женска конкуренција најбрза Македонка беше Весна Кираџиева, која патеката ја истрча за 3:22.41 час, што беше доволно за седмото место, додека Милена Чкрипеска се пласира на осмата позиција со резултат од 3:23.25 часа.

На полумаратонската трка од 21.километар во машка конкуренција триумфираше Албанецот Илир Келези со време 1:10.18 час, втор беше Македонецот Дарио Ивановски со време 1:11.14, а трет Србинот Кристијан Стошиќ, кој ја истрча патеката за 1:14.35 часа. Во женска конкуренција најбрза беше Србинката Даниела Бараќ (1:27.39), пред сонародничката Снежана Милошевиќ (1:32.23), а третото место и припадна на нашата натпреварувачка Адријана Поп Арсова со време 1:36.54 часа.

На пет километри во женска конкуренција победија Рената Соколовска, и Суад Крејзиу во машка.

На  годинашниов „Виз Ер Скопски Маратон“, кој е под покровителство на Град Скопје и Мисијата на Европската унија, учествуваа над осум илјади лица од 46 држави.

Наградниот фонд на маратонот изнесува 17.100 евра.

Би можело да ве интересира

Во Крушево маратонците и обожавателите одбележаа 17 години без Тоше Проески

Падна олимпискиот рекорд во маратонот во Париз

Горан Наумовски

Загина светскиот рекордер Келвин Киптум

Кениецот Едвин Кипту е победник на маратонот во Атина

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

(ВИДЕО) Невидена грешка и остана без 7000 долари: Наместо на целта, тргна кон полицијата

Предраг Петровиќ