На првиот натпревар од второто коло во италијанската Серија А, вечерва во Рим, актуелниот шампион Јувентус минимално со 1:0 го совлада Лацио. Стрелец на голот вреден три бода з агостите од Торино беше Сами Кедира во 66.минута.
Вечерва од 20:45 часот во Неапол се среќаваат Наполи и Милан.
Другите осум натпревари од оваа рунда се играат утре. Двојките се:
Интер – Палермо,
Каљари – Рома,
Кротоне – Џенова,
Фиорентина – Киево,
Сампдорија – Аталанта,
Сасуоло – Пескара,
Торино – Болоња и
Удинезе – Емполи.
Пред комплетирање на втората рунда Јуветус е лидер на табелата со максимални две победи.