Каун објави крај на кариерата

Од:

Центарот на кошаркарскиот клуб ЦСКА Москва, Саша Каун, неочекувано стави крај на професионалната кариера.

Иако има 30 години и само седум професионални сезони, центарто реши да ја заврши кариерата.

„Ја завршувам кариерата, ова беше мојата последна сезона“, рекол Каун по освојувањето на титулата во руското првенство.

Каун е роден во Томск, студирал на универзитетот Канзас, а од 2008 година играше за ЦСКА. Во 2008 година тој е бил избран како 56-ти пик на драфтот во НБА лигата од страна на Сиетл Суперсоникс.

Каун во кариерата има титула во НЦАА лигата и бронзен медал од Олимписките игри во Лондон.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос