Катастрофа за Србија на Евробаскетот: Крај на натпреварувањето за Богдан Богдановиќ

Од:

Една од најголемите ѕвезди на српската репрезентација и надеж за освојување на европското злато, Богдан Богдановиќ, очигледно доживеа сериозна повреда.

Богдановиќ се повреди за време на натпреварот против Португалија. Тој се фати за задната ложа и отиде во соблекувалната, па никогаш не се врати во игра.

Повредата на грбот може да биде непријатна, а сите во Србија се надеваа дека ќе пропушти еден или два натпревари и дека ќе биде подготвен да продолжи со натпреварувањето и да се бори во нокаут фазата.

Сепак, српски „Меридијан Спорт“ утрово ја објави катастрофалната вест. Според нив, Богдан Богдановиќ направил детални прегледи во Соединетите Американски Држави и за него настапот на Евробаскетот е завршен.

Отсуството на капитенот и еден од најдобрите играчи на Србија е тежок удар врз шампионските амбиции. Сепак, тимот предводен од Никола Јокиќ сè уште има доволно квалитет за да го нападне златниот медал, што сите во Србија го очекуваат.

Би можело да ве интересира

„Над 100 жени зад воланот: Женско Рели повторно ќе се вози низ улиците на Скопје”

Предраг Петровиќ

Реал во проблем пред реваншот против Сити

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ужас во Хрватска – Американецот заби, кошот падна врз него

Предраг Петровиќ

Формула 1 ги откажува трките поради конфликтот на Блискиот Исток

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Шок во Атина, Црна Гора ја победи Грција

Предраг Петровиќ

Како навивачите станаа аналитичари на спорт

А1он