Катарските власти објавија дека трошат по 500 милиони долари неделно како би ги завршиле планираните проекти до почетокот на светското фудбалско првенство кое треба да се одржи во 2022. година.
„Трошиме скоро 500 милиони долари неделно и така ќе биде се додека не ги завршиме работите. Вкупниот буџет изнесува околу 200 милијарди долари“ откри катарскиот министер за финансии Али Шареф Ал-Емади.
„Не сакаме да се доведиме во ситуација да уште ги средуваме стадионите, а првенството да започнува и луѓето веќе да се пристигнати во нашата земја“ додаде министерот.
Али Шареф Ал-Емади откри дека не се градат само стадиони, туку и патишта, железници, хотели, аеродроми, болници и се што е потребно.
„Парите се веќе обезбедени и покрај падот на цената на нафтата. Доколку се смета вкупниот буџет кој ќе го потрошиме, тогаш ова е најскапо Светско првенство во историјата, но доколку се рачунаат само објектите за СП, тогаш нема да е најскапо“ рече Ал-Емади.
Катар за Светското првенство гради десет стадиони, од кои седум ќе бидат потполно нови, а три ќе бидат реновирани и проширени.