Карпош Соколи поуспешни од Кожув

Од:

Кошаркарите на Карпош Соколи вечерва остварија победа на последниот натпревар од 10.коло од Првата лига и го совладаа Кожув од Гевгелија со 82:69 (18:20; 25:13; 18:14; 21:22). Ова воедно беше и последниот натпревар од првиот дел од сезоната, а шампионатот ќе продолжи на 31 јануари 2015 година.

За тимот на Карпош Соколи ова беше 6.та победа, а вторпат успеваат да ги совладаат гевгеличани. Најефикасни кај домашните беа: Душан Кнежевиќ со 20 поени, а Игор Пенов постигна 15, додека кај Кожув Миљан Јанушевиќ постигна 15.

На другите дуели од ова коло: Гоце Делчев – Водњански Лисици 75:62, Фени Индустри – МЗТ Скопје 90:79 и Куманово – Струмица 88:55. Слободен беше Работнички.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 15 бодови, Куманово 15, Фени Индустри 15, Карпош Соколи 15, Работнички 14 (натпревар помалку), Кожув 13, Струмица 12, Гоце Делчев 11, Водњански Лисици 9.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос