Карпош Соколи подобар од Работнички

Од:

Лидерот Карпош Соколи убедливо со 87:64 го победи Работнички во дерби натпреварот од 7.коло во Првата македонска кошаркарска лига одигран вчеравечер во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

За Карпош Соколи ова беше шестата победа, а за Работнички трет пораз во серија.

Гостинот од „Градскиот парк“ без репрезентативецот Бојан Трајковски беше рамноправен ривал само во првото полувреме кое заврши со 40:35, а во продолжението се беше во знакот на домаќините. Клучната предност кошаркарите на Карпош Соколи ја обезбедија во третата четвртина која ја добија со 22:12.

Во редовите на Карпош Соколи најзаслужни за новиот успех беа Глен Дендриџ со 23  поени, Дарко Соколов со 14 и Филип Шепа со 13 поени.

Кај поразениот Работнички двоцифрен број на поени постигнаа Виктор Крстевски 15, Стојан Ѓуровски 13, Димитар Мираковски Андреј и Цветковски по 10 коша.

Во првиот меч од оваа рунда, Кожув на гости беше поуспешен од Куманово со 83:80.

Утре играат Струмица – Фени Индустри, а в среда Бест – МЗТ Скопје Аеродром.

Табела: Карпош Соколи 13 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 11, Кожув 11, Куманово 10, Работнички 10, Фени Индустри 9, Струмица 8 и Бест 6.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос