Карпош Соколи победи на гостувањето во Гевгелија

Од:

Екипата на Карпош Соколи успеа да оствари победа на гостувањето во Гевгелија против екипата на Кожув со 71:60. Со овој триумф остварен вечерва Карпош Соколи се зацврсти на второто место на табелата во Првата кошаркарска лига. Гостите ги добија првите три четвртини со: 23:14; 21:17; и 17:15, додека последниот период им припадна на домашните кошаркари со 14:10.

Најефикасен на натпреварот беше Филип Шепа од Карпош Соколи со 17 поени, додека кај Кожув најпрецизен беше Рајан Вајт со 16 поени.

На вчера одиграниот дуел Куманово го победи Фени Индустри со 82:74.

Утре во Гевгелија ќе се игра уште еден натпревар меѓу Бест и Работнички, а колото ќе биде комплетирано во среда со натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Струмица.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 29 бодови, Карпош Соколи 29, Куманово 27, Фени Индустри 25, Кожув 23, Работнички 20, Струмица 18, Бест 15.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос