Здружението на кошаркарските прволигаши на денешната седница донесе одлука одложениот натпревар од 1. коло меѓу Карпош Соколи и Куманово да се одигра в среда, а „соколите“ кои за попладне најавија комплетирање на документите за регистрација во акционерско друштво, да ги достават до Натпреварувачката комисија и со тоа да се стекнат со право да ги продолжат натпреварите во втората фаза од првенството.
На ваквата одлука негодуваше претставникот на Куманово кој побара службена победа за неговиот тим и најави дека кумановци нема да го играат натпреварот в среда по цена и да бидат исклучени од лигата.
Во случај да биде доделена службена победа за Куманово тогаш автоматски на Карпош Соколи ќе треба да му биде одземен еден бод.
Во македонската кошарка Суперлигата се третира како највисок ранг на натпреварување и според Законот за спорт само клубови регистрирани како АД. смеат да се натпреваруваат.