Лидерот на табелата во кошаркарската Прва лига, тимот на Карпош Соколи ја оствари и петтата победа.
Вечерва во Скопје во рамките на 5. коло Карпош Соколи го победи Фени Индустри со 80:65 (21:22, 16:17, 19:7, 24:19). Домаќинот натпреварот го реши со одличната игра во одбрана во вториот дел, пред се во третиот период кога прими само седум поени.
Најефикасен на дуелот беше играчот на Фени Индустри Кирил Николовски со 23 поени, додека кај победникот Филип Шепа постигна 15 поени.
На вчера одиграните дуели: Струмица – Куманово 101:93, Бест – Кожув 82:85.
Дербито на колото се игра во четврток меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.
Табела: Карпош Соколи 5-0 (победи-порази), МЗТ Скопје 3-1, Работнички 3-1, Фени Индустри 2-3, Куманово 2-3, Кожув 2-3, Струмица 2-3, Бест 0-5.