Карпош Соколи го совлада Работнички

Од:

Кошаркарите на Карпош Соколи забележаа победа против Работнички во дуел од 14. коло на Првата македонска лига.

На средбата одиграна вечерава во салата „Градски парк“ составот на Карпош Соколи до единаесеттата победа сезонава дојде со триумф над Работнички со 80:65.

Најефикасен во победничката екипа беше Александар Петровиќ кој средбата ја заврши со 21 постигнат поен, додека Махкл Шнер постигна 18.

Кај домаќините, воедно и на натпреварот прв стрелец со 27 поени беше Димитар Мираковски.

Карпош Соколи со „скор“ од 11 победи и само три порази се зацврсти на второто место на табелата, зад шампионот МЗТ Скопје Аеродром, додека Работнички за кој ова беше деветти пораз останува на шестото место на првенствената табела.
Од ова коло останува да се одигра уште утрешниот меч меѓу шампионот МЗТ Скопје Аеродром и „фенерџијата“ Бест тим, кој досега се нема радувано на победа во прволигашката конкуренција.

На претходно одиграните натпревари, Кожув – Куманово 73-80 и Фени Индустри – Струмица 84-66.

Табела: МЗТ Скопје 12-1 (победи-порази), Карпош Соколи 11-3, Куманово 9-5, Фени Индустри 8-6, Кожув 7-7, Работнички 5-9, Струмица 3-1 и Бест 0-13 .

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос